(ФОТО) Трикот на Џиџи Хадид во борбата против анксиозноста

Што се однесува до бременоста и мајчинството, Џиџи Хадид одлучила да не крие ништо, а сега проговори за анксиозноста со која се мачела.
Поминаа десет месеци од раѓањето на нејзината ќерка Каи, а супермоделот постепено се’ повеќе споделува за нејзиното искуство. Оваа недела, Џиџи зборуваше за анксиозноста во бременоста, а особено за тоа како една стара навика ја спасила од наметливи мисли.

„За време на бременоста, имав еден дневник, кој го нареков ‘добар дневник’, а веднаш до него, оној што служеше како’лош дневник’“, рекла Џиџи.

„Лошиот дневник“, како што таа му го дала прекарот, служел за деновите кога се појавувала анксиозноста, што ја натерало да се сомнева дали навистина е доволно добра за мајчинство.
„Навистина не сакав да се чувствувам виновна што ги чувствувам или ги запишувам тие работи. Можеби еден ден на Каи ќе и го дадам ‘лошиот дневник’, само затоа што сакам да бидам целосно искрена за тоа“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КАКО ВИНО: Супермодели кои надминале 50. години а и понатаму изгледаат беспрекорно!

Овие убавици се во поставата на супермодели од деведесеттите години. Со години ги освојуваа светските …