Откриено е зошто Новак го предаде мечот во микс дубл за бронза

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се повлече од играње мешани двојки за бронзен медал поради повреда на рамото.
Оваа информација од Токио ја пренесе португалскиот новинар Хозе Моргадо, а станува збор за проблеми со десното рамо.
Затоа, Ѓоковиќ и Нина Стојановиќ нема ни да се обидат да освојат бронза на натпреварот против Ешли Барти и Џон Пирс.
Непосредно пред оваа информација да ги шокираше навивачите на српскиот олимписки тим во Токио, Ѓоковиќ го загуби бронзениот медал во сингл мечот од Пабло Карењо -Бусте во три сета – 4:6, 7:6 (6), 3:6.


Тој пораз значеше дека Србија остана без медал во тенис, иако се надеваше на злато во машки сингл, бидејќи првиот светски рекет на турнирот дојде како голем фаворит.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …