Објавен двобројот 1-2 на литературното списание „Современост“ за 2021 година

Деновиве излезе од печат редизајнираниот двоброј  (1-2) на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2021 година. Двобројот опфаќа 49 прилози на 306 страници, вклучувајќи: 15 прилози поезија, 4 прозни прилози, 11 прилози од преведени автори, 10 прилози од рубриката интерпретации, 6 рецензии, драмски текст и книжевни разговори.

Бројот е отворен со поезија од акад. Богомил Ѓузел, по него следи избор поезија од поети кои доминантно припаѓаат на помладите генерации: Стефан Костоски, Исток Улчар, Ерол Туфан, Мане Манушев, Павлина Атанасова, Диме Данов, Андреј Ал-Асади, Љубица Шопова, Марина Мијаковска, Мира Смаќоска Танеска, Стефан Марковски и други. Александар Прокопиев, Димитар Арнаудов, Љубинка Донева и Анде Јанков се застапени со проза. Во бројот е застапена и драмата „Драма изгубена во времето” од Сашко Насев актуелна во моментов по премиерната изведба во НУЦК „Трајко Прокопиев” – Куманово, а со афоризми е застапен Васил Толевски. Поезија и проза преведена на македонски јазик имаме од авторите: Надија Реброња, Едвард Харенц, Зоран Ѓериќ, Ариан Лека, Роза Бојанова, Наталија Недјалкова, Дастин Пикеринг, Енес Халиловиќ, Бојан Богдановиќ, Владан Шиповац и Сузана Ловриќ.

Во делот на есеистиката и критиката застапени се трудови на Славчо Ковилоски, Васил Тоциновски, Мишо Китаноски, Исток УлчарИван Антоновски, Сузана Мицева, Ана Витанова Рингачева, Верица Мукоска, Лилјана Пецова Илиеска, Љубинка Донева, Никола Алтиев, Снежана Стојчевска и други.

Крајот е отстапен за интервју со чешкиот писател Михал Вивег кое го водеше Тони Димитров.

Илустрациите во овој двоброј се дело на Иванка Ниба, а истиот може да се најде во книжарниците на „Антолог”, „Литература.мк”, „Три” и „Или-Или”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, …