(ВИДЕО) ВЛЕГЛА ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ! Таа има најголема УСТА на светот, широка дури 6,25 см: Еве што се може „да уфрли“ во неа!

Саманта Рамсдел (31) од Конектикат влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена со најголема уста во светот, и токму затоа стана популарна на TickTok.
На TikTok, Самана Рамсдел има 1,7 милиони следбеници благодарение на нејзината огромна уста. Таа рекла дека се чувствува одлично поради фактот дека може да ја прослави својата необична предност, што ја правела несигурна.
Саманта отсекогаш тврдела дека ја има најголемата уста, а сега добила и официјална потврда за тоа. Таа го освои Гинисовиот рекорд за најголема женска уста во светот. Имено, нејзината уста е широка 6,52 сантиметри.

@samramsdell5I just feel like I am this character 😂#GossipGirlHere #seashells


♬ shellsea is iconic – fishhooks<3


– Совети за сите оние кои имаат нешто необично и би сакале да ја освојат титулата на Гинис, направете го тоа. Бидете горди на тоа и направете го вашето најголемо богатство. Тоа е вашата супер моќ. Тоа е она што ве прави посебни и поразлични од сите други – рекла Саманта.
И покрај фактот дека таа отсекогаш имала невообичаено голема уста, дури минатата година започнала да ги покажува своите неверојатни способности да стави големи количини храна на социјалните мрежи.
– Го отворив „Тикток“ во есента 2019 година, но не објавував често додека не започне пандемијата. Направив многу смешни видеа, комични скици и пеење пародии, но видеата што ја вклучуваа мојата уста и лице брзо ќе станеа вирални – рекла таа.

@samramsdell5On this weeks journey to find the biggest and best sandwiches… I went to my hometown of Stamford to check out @elmstreetdiner and HOLY 😍

♬ SUNNY DAY – Matteo Rossanese

Извор: mirror

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …