FP2: Одговорот на Мерцедес – Валтери и Луис пред Макс

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на вториот тренинг за Големата награда на Унгарија.
За разлика од првиот тренинг, во кој најдобро време постигна Макс Ферстапен од Ред Бул, овојпат Мерцедес, предводен од Ботас, доминираше на патеката Хунгароринг.
Финецот постигна време од 1:17.012, додека второто место му припадна на неговиот тимски колега Луис Хамилтон со +0.027 зад лидерот.
Ферстапен беше трет со +0.298 во однос на Ботас, четвртата позиција ја зазеде Естебан Окон од Алпина, а петтата Серхио Перез од Ред Бул.

Следуваа Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, Ландо Норис, Ленс Строл…
Третиот тренинг и квалификации се на програмата во сабота. Трката е во недела во 15 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …