Ѓоковиќ: „Како се чувствувам? Ужасно…играта ми се распадна…“

Новак Ѓоковиќ беше многу разочаран по двата порази во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.
Како се чувствувате, беше првото нешто што новинарите го прашаа Ѓоковиќ во микс зоната.
„!Страшно. Се чувствувам страшно”, кратко кажал Новак.
Во сингл, Новак загуби десет од последните единаесет гемови и беше поразен од Александар Зверев со 1:6, 6:3, 6:1.

„Тоа е спорт. Тој играше подобро. Морам да му оддадам признание за пресвртот. Сервираше исклучително добро. Не добив многу шанси за неговиот втор сервис и мојот сервис драстично падна – откако поведов со 3-2 во вториот сет, воопшто не добив лесни поени. Застанав, му дадов да нападне, слаб процент на прв сервис… На ова ниво, со притисок на Игрите и играњето за мојата земја … Што да правам? Дојдов крајно исцрпен, но дојдов мотивиран, се разбира, со желба да донесам медал “, рекол Ѓоковиќ.



Ѓоковиќ в сабота ќе има двојна програма – од 8. часот по средноевропско време, ќе игра за бронзениот медал во сингл со Пабло Карен Буста, а потоа ќе треба да се бори за бронзата во мешани двојки со Нина Стојановиќ.
На прашањето колку време ќе му треба да го преболи поразот, Новак одговорил:
„Не знам. Во моментов се чувствувам ужасно, но се надевам на нов почеток утре. Се надевам дека ќе закрепнам и дека ќе можам да освојам барем еден медал за мојата земја“.

Извор: sportklub.rs


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Зверев шокира: „Не не тестираат, а многумина се заразени!“

Германскиот тенисер Александар Зверев вели дека контролите во Австралија се послаби отколку што мислат, а …