Срамежливите жени се подобри пријатели и обично стануваат ШЕФИЦИ!

Поинтересни се екстровертните жени, но доколку одберете девојка, одлучете се за онаа која е повлечена.
Срамежливите девојки имаат поголем потенцијал да станат подобри пријатели и партнери за време на нивниот живот, како и дами на раководни позиции – покажала студија на Националниот институт за здравство во Батесда.

Срамежливите имаат центар за наградување
Истражувачите заклучија дека природно повлечените луѓе имаат центар за наградување во мозокот, што е клучно за оваа работа. Иако велат дека екстровертите генерално минуваат многу подобро во животот, бидејќи интровертите постојано се грижат за тоа што другите би рекле или мислеле за нешто што велат и прават, студијата открила дека има и друга страна на медалот.
Не сите карти се на страната на гласните и отворените. Тивката вода понекогаш навистина го рони брегот.


Срамежливите повеќе ги обработуваат податоците
Токму затоа што посрамежливите и затворените чуваат повеќе работи за себе и во себе, трошат повеќе време за анализа и обработка на информации, тврдат истражувачите и подобро уживаат во нивните искуства. Ова го зголемува нивото на среќа во мозокот.

„Потешко е да се влијае врз одлуките на срамежливите“


Срамежливите луѓе исто така се помалку подложни на зависност од надворешни влијанија, затоа што се задоволни од себе, и бидејќи се многу подобри соговорници во разговорите, пријателите и партнерите ги ценат повеќе од муабетите.
Тие им веруваат и знаат дека може да се потпреме на нив. Ова значи дека е вистински благослов да имате интровертна личност за пријател.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Инклузивна анимација” како алатка за инклузија на деца со попреченост

Од 7-ми до 20-ти октомври  со поддршка на Делегација на ЕУ во Скопје и во …