Ако не ги гледате ефектите од користењето додатоци во исхраната, пробајте со коприва …
Копривата содржи голема количина на железо, а покрај тоа богата е и со витамини Ц, К, минералите магнезиум, калциум и фосфор. Покрај тоа, содржи хлорофил, танини, слуз, каротеноиди. Копривата е потенцијално добар избор за сите оние со прекумерна тежина. Копривата го забрзува процесот на детоксикација на телото и помага да се исфрли вишокот вода, без губење на виталноста и енергијата.
Според препораки на билкарите, со помош на коприва за три дена, можно е да изгубите околу килограм и половина. Покрај тоа, диетата што се спроведува со консумирање на овој чај не претставува ризик за здравјето, а поради краткото траење, тој е одличен избор за викенд.
Секој ден за време на диетата, пијте литар чај од коприва, јадете бело месо и риба. Не претерувајте со коприва, бидејќи може да доведе до дехидрација или загуба на електролит поради прекумерно мокрење.
Чајот од свежи или суви лисја од коприва се подготвува со додавање на една лажица од лисјата на растението во врела вода и оставете го да се крчка на тивок оган најмногу пет минути. Откако чајот добро ќе се излади, распоредете го и пијте го во еднакви голтки во текот на денот.