Од денес до 2. август во Тирана ќе се одржи CAN (Comic alliance Networking)  FOR BALKANS

Во Тирана , соседна Албанија, од 30 .07 до 02.08 јуни ќе се одржи втората смотра од проектот CAN (Comic alliance Networking)  FOR BALKANS, финансиран од програмата „КРЕАТИВНА ЕВРОПА -подпрограма за култура на Европската унија. Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов во Романија. Освен  Државниот историски музеј од Тирана ,Албанија во овој неколкугодишен проект вклучени се : училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“  од Лесковац Белгискиот стрип центар од Брисел  и. Стрип центар на Македонија со седиште во Велес


Замислата на овој проект е овој проект е вмрежување на релевантните стрип асоцијации од вклучените земји како и афирмирање на социјалната примена на стрипот, во овој случај националната историја, рече Томе Трајков, програм координатор во СЦМ.

На овој настан , освен персоналот на Стрип центарот од Велес  ќе присуствуваат и :Александар Стеванов-сценарист, хроничар и летерер и реномираниот стрип автор Томи Анастасовски. Сите тие ќе присуствуваат на бројни презентации, изложби,како и дебати на тема„КУЛТУРНО -СОЦИЈАЛНИ КЛИШЕА И СТЕРЕОТИПИ НА БАЛКАНОТ“..

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Организиран превоз до Стоби за изложбата на Петар Хаџи Бошков

За оние кои сакаат да дојдат на отворањето на изложбата со дела од Петар Хаџи …