Гранд кафе од земјата на вечното сонце!

Од 2005 година, најдоброто кафе на нашиот пазар се произведува во најмодерниот погон на Гранд кафе во Скопје,а кафето од овде се дистрибуира низ целата земја! Повеќе години наназад Гранд кафе е препознатлив бренд кој го карактеризира познат вкус и мирис, поради што е омиленото кафе, а се повеќе потрошувачи сакаат да уживаат во него!

И, како што веќе ситезнаеме, ние во Македонија имаме уникатен ритуал на уживање во кафето. Од утрото кога со него се будиме, преку оние моменти во текот на денот кои што се резервирани за дружење со семејството и пријателите, до попладнето кога со шоља кафе и некоја омилена торта или бисквит, ги средуваме впечатоците од изминатиот ден. Каде и да се наоѓаме, страста за домашно кафе е многу важен дел од нашата култура на живеење.

Што е тоа што го прави Гранд кафе посебно? Тоа е грижата, љубовта и страста кон работата и посветеноста кон потрошувачите.Грижата за кафето што го пиеме започнува од самите плантажи за кафе, каде што се избираат само најдобрите и најквалитетните зрна од двете сорти кафе Арабика и Робуста. Овие зрна се комбинираат во соодветен сооднос за да се создаде совршена комбинација која го гарантира препознатливото ветување на Гранд кафе – и арома и вкус. Потоа тим на  експерти од фабриката на Гранд Кафе се грижат секое зрно да е совршено испечено и беспрекорно сомелено во мелниците на камен. Токму од печењето и мелењето зависи мирисот и вкусот на кафето, кое на крајот ќе го истуриме во ѓезвеза правење кафе. И тоа е она по што Гранд Кафе е познато и признато како уникатно – со постојан квалитет на крајниот производ.

И тоа не е сè. Квалитетот зависи и од амбалажата. Гранд Кафе се пакува во заштитена атмосфера, во квалитетна амбалажа која долго време ја задржува свежината и аромата на кафето. Овој вид пакување спречува кафето да дојде во контакт со кислород, кој е неговиот најголем непријател.Широкиот спектар на вкусови им дава на потрошувачите можност секогаш да имаат шоља на кафе по сопствен вкус. Доколку вашиот избор е Grand Gold, ќе уживате во кафе со богат вкус и густа пена каквашто сакаме. Grand Aroma е кафе со избалансиран вкус, питко и ароматично, идеално за попладневно уживање, додека Grand Strong  е кафе со силен вкус а истовремено питкосо вистинска горчина, идеално кога ни треба дополнителна енергија. Покрај приказната за квалитетот, важна е и грижата за потрошувачите. Довербата на потрошувачите е резултат на постојаното исполнување на нивните ветувањанешто по што е познато Гранд Кафе што е  причина да биде еден од т.н. „Must have“ производи во нашите домаќинства, но и најпрепознатлив бренд во 2020 година според „Инсајдер“.Затоа уживајте во врвниот квалитет и уникатниот мирис и вкус на кафето од вашето соседство.Наше домашно, Гранд кафе!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Дете (2) од згрижувачко семејство, изгладнето и дехидрирано, со долга историја на болести, не ја издржало битката за живот и покрај напорите на лекарите!

Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката …