Британец осуден на повеќе од пет години затвор затоа што убил девет а повредил седум мачки

Поранешен чувар е осуден на повеќе од пет години затвор за убиство на девет и повредување на седум мачки.
Стивен Букет убил девет мачки во и околу Брајтон помеѓу октомври 2018. и јуни 2019. Со нож ранил седум.
54-годишникот ја негирал вината за поседување нож и 16 напади, што се случувале ноќе.
Судот во Бирмингем во јуни донел одлука дека Букет, познат како „убиецот на мачки од Брајтон“, е виновен и сега го осудил на пет години и три месеци затвор.

Букет ги отфрлил обвиненијата
Судијата Џереми Голд реколдека неговото однесување е „сурово“. „Тоа траеше долго време и го погодил срцето на семејниот живот“, додал тој.
Букет ги отфрли обвинувањата и на полицијата и рекол дека „не е закана за животните“.
Тој бил фатен откако надзорната камера, поставена од сопственикот на една од убиените мачки, забележала нов напад.
Фотографиите од двете мачки подоцна биле пронајдени на телефонот на Букет, а нож со ДНК на мачката бил откриен во неговата куќа.

loading...

Фото: Принтскрин/ YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА – Математичар 14. пати добил на лотарија: „Ја најдов совршената формула“

Математичарот Стефан Мандел добил 14 пати на лотарија смислувајќи специфична формула за добивка која речиси …