Ѓоковиќ „уништува“ се пред себе – падна и Нишикори: Уште два натпревари до златото!

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, ја продолжува кампањата за првиот златен медал во кариерата на Олимписките игри во Токио, а ривал во четвртфиналето в четврток му беше Јапонецот Кеи Нишикори.
Резултатот беше 6:2, 6:0 во сетови по седумдесет минути игра на „Тенискиот парк Аријаке“ во Токио.
Ова беше 19. меѓусебна средба помеѓу Ѓоковиќ и Нишикори, а Србинот славеше во 17. наврати. Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против подобриот играч од дуелот во кој ќе се сретнат Александар Зверев и Жереми Шарди.
Претходно во четвртокот, Русинот Карен Хачанов се пласираше во полуфиналето – беше подобар од Уго Умбер а во борбата за финалето, ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Пабло Карењо Буста.
Српскиот тенисер досега освои три грен слем турнири оваа сезона и се обидува да стане првиот во историјата на овој спорт што освоил „златен слем“ во машка конкуренција – сите четири грен слем турнири во една година, со злато медал од Олимписките игри.
Треба да се потенцира дека ова не е последен натпревар на денот за Ѓоковиќ, кој во четврток повторно ќе излезе на теренот во мешани двојки заедно со Нина Стојановиќ. Српското дуо ќе игра во четвртфиналето на турнирот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …