(ФОТО) РИЧАРД ГИР Е ВИСТИНСКИ СРЕЌНИК – 34. години е помлада од него: „Тој е мој херој од стварниот живот!“

И двајцата се активисти за човекови права, што ги привлекло, а самиот Ричард еднаш изјави дека кармата ги поврзала. Тие успешно ја криеја врската до јуни 2015. година. Веридбата беше откриена кога беше виден прстен на раката на Алехандра, а веста за венчавката на 5. мај ја објави шпанското списание ABC.

“Ричард е мојот херој од вистинскиот живот. Бев изгубена, но ја видов светлината. Кога го запознав, мојот живот доби смисла”, изјавила заљубената Алехандра, во 2016 година, за списанието Hola.

„На овој ден се омажив за најубавиот човек што некогаш сум го сретнала. Знам дека ова звучи како клише, но тоа е вистина! Доаѓа од моето срце, горда сум што сум со тебе, што го делам животот со тебе, да бидам мајка на нашите деца, дека сум ти пријател, дека сум твоја сопруга! Ме правиш толку среќна, ти си љубовта на мојот живот“, напишала Алехандра на Инстаграм, на годишнината од нивната венчавка.

Таа дипломирала маркетинг во Мадрид. Голем активист е во општествено одговорни организации, па со Ричард често организирале добротворни акции за помош на бездомниците, подобрување на условите за лекување на тешко болните деца …

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …