(Рецепт) ЛЕК ОД ПРИРОДАТА – Руски препарат за болки во зглобовите

Болките во зглобовите веќе не се резервирани само за постарите лица …
Проблемите со колената, рамената, лактите и зглобовите се последица на долго седење на компјутер и слаба човечка активност. Овие проблеми почнуваат да се манифестираат по 45 -годишна возраст, но тие не се туѓи дури и во триесеттите години. Повреди, преоптоварувања, фрактури, артритис и ревматизам исто така може да бидат причина.

Мед, сенф и сол
Измешајте 1 лажица мед, 1 лажица топол сенф, 1 лажица фина морска сол и една лажица вода. Добро измешајте ја смесата додека не се изедначи текстурата. Истурете ја смесата во празна кутија за крем или некој друг сад со темно стакло.

Следниот пат кога ќе почувствувате непријатна болка, едноставно нанесете го овој „крем“ на болното место. Покријте со пластична кеса или фолија и врзете со марама или шал за да остане топло. Најпожелно би било шалот да е од волна. Треба да стои така еден и пол до два часа. Најдобро е да ја повторите оваа постапка пред спиење, за да може зглобовите да се одморат по „третманот“. Измијте го „кремот” наутро.
Повторувајте ја оваа постапка 4. до 5. дена по ред. Ефектот ќе го почувствувате после првото ставање. Самата смеса треба да се чува во фрижидер, но не подолго од 5. до 6. дена.

Темјан
Темјанот го зајакнува имунитетот и ги убива слободните радикали кои предизвикале инфекции во областа на болните зглобови или коски. Користењето на овој природен лек ќе ја намали непријатноста и воспалението. Сварете половина лажичка суви лисја од темјан во 2 дл вода. Оставете да се излади и пијте два пати на ден.
Во исто време, нанесувајте ладни пакувања мраз на болното место секој ден.

Ѓумбир
Локалната употреба на ѓумбир го намалува отокот во болните зглобови или коски и го отстранува непријатното чувство. Го олеснува движењето и лечи бактериски и вирусни инфекции. Во 200 милилитри врела вода ставете 50 грама корен од ѓумбир. Тргнете од оган и оставете да отстои околу 15 минути.
Измешајте се’ заедно во блендер. Ќе добиете кремаста смеса. Нанесете го во дебел слој на болното место. Покријте со памучна крпа, почекајте половина час, а потоа исплакнете со вода.

Босилек
Оваа билка е природен лек против болки и е ефикасна за проблеми со коските и зглобовите. Исто така, го зајакнува имунитетот и му помага на телото да се бори против причините за инфекции.
Исецкајте неколку свежи листови од босилек во блендер. Додадете една лажица кокосово масло. Нанесете ја добиената паста на делот што ве боли. Оставете да делува еден час, а потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте секој ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На родителите со презентација им открила дека е стриптизерка

Лекси од Портланд, Ореган, долго време се двоумела да им признае на родителите со што …