Ништо од руското полуфинале: Каренјо го запре Медведев

Шпанецот Пабло Каренјо Буста се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, елиминирајќи го претставникот на Рускиот олимписки комитет Данил Медведев.
Каренјо Буста славеше во два сета, во првиот со убедливи 6:2, во вториот се играше тај-брејк.
Шпанецот успеа да ја искористи првата меч топка и се пласираше во полуфиналето, каде го чека уште еден Русин, Карен Хачанов.

По голема борба, Хачанов го елиминираше Французинот Имбер во три сета.

Со елиминацијата на вториот тенисер во светот, Каренјо Буста ја спаси надежта на Шпанците дека ќе стигнат до медал во тенис и на овие Олимписки игри.
Нивната серија траеше од Сеул во 1988. година, а беше прекината само во Лондон во 2012. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …