(ВИДЕО) Детергент за миење садови и ОВИЕ состојки што ги имате во кујната ќе ја ИСЧИСТАТ КАДАТА подобро од индустриски средства

Кадата ќе блесне со помош на овие намирници.
Наместо да купувате индустриски средства за чистење кади, ви предлагаме да ја исчистите кадата на малку поинаков начин.
Предноста е што сите состојки што ќе ви бидат потребни ги имате во кујната и нема да морате да вдишувате гасови полни со штетни хемикалии содржани во индустриските средства за чистење бањи.
Имено, една корисничка на популарната социјална мрежа „Тик Ток“ на својот профил сподели видео во кое објасни како ја чисти кадата, а резултатите ги воодушевија нејзините следбеници.
Се’ што ви треба е алкохолен оцет, сода бикарбона, детергент за миење садови и магична крпа.

Чистење на када во три чекори
За почеток, натопете магична крпа во оцет, потоа завиткајте ја околу славината и оставете ја да стои неколку минути.
Во меѓувреме, истурете сода бикарбона во одводот, и прелијте ја со оцет. Потоа посипете сода бикарбона и течност за миење садови над остатокот од кадата и измијте ја кадата со сунѓер.
На крај исплакнете ја кадата и славината со млака вода и резултатите ќе ве воодушеват.

@carolina.mccauleyHow to deep clean your bathtub 🛀🍃 #cleaningtips #cleaning101 #cleaninghacks #cleantok #nightin

♬ Sunday – HNNY

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Дете (2) од згрижувачко семејство, изгладнето и дехидрирано, со долга историја на болести, не ја издржало битката за живот и покрај напорите на лекарите!

Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката …