(ВИДЕО+ФОТО) Шампионот пристигна во Македонија: Дејан Георгиевски поздравен од бројни граѓани

Момчето кое и ја донесе најголемата радост на Македонија на Олимписките игри се врати дома…

Овојувачот на сребрен медал во Токио, Дејан Георгиевски слета на аеродромот во Скопје каде што беше пречекан од голем број граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот Македонија.

Дејан со трренерите и членови на клубот од аеродромот за Скопје патуваше во отворен автобус а беше следен од голем број граѓани кои сакаа да го дочекаат македонскиот херој. Не им пречеа ниту пеколните температури.

Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година.

На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѕвезда на ТикТок починала на 27. години:„Не издржа!“

Уште една млада ѕвезда на Тик Ток ја загубила битката за живот… Кесиди Пирсон од …