(ФОТО) Бремената Бергузар Корел со семејството ужива  во Чешме!

Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, оваа година летото го минуваат во најзападниот приморски град во Турција- Чешме. Парот, кој го очекува своето трето дете, беше забележа како се забавува на плажа во Чешме со своите деца Али и Хан.

Фото: haberturk.com

Корел постојано беше заедно со Хан, кој е роден минатата година. Тие им пркосеа на брановите кои надоаѓаа кон брегот, додека постариот син, 12-годишниот Али, поголемиот де од времето го поминуваше пливајќи со својот татко.

Фото: turkhaber.com

Само пред неколку недели Корел и Ергенч гордо изјавија дека очекуваат девојче кому ќе му го дадат името Лејла. „По тешкиот период кој го имавме изминатата година, на оваа бременост гледаме како на голем благослов.“, вели Корел, која често споделува фотографии на кои се гледа дека ужива во бременоста.

На прашањето за тоа како ја поминува бременоста Корел изјави: “Претходните пати додека бев бремена со момчињата, 9-те месеци беа потешки и поболни. За сега бременоста ми е удобна и се надевам дека ќе продолжи вака.“

Додека Корел ужива на плажа со своето семејство и одмара од тешките денови на сет, нашата публика не го заборава нејзиниот моќен перформанс како судијката Фериде во „Карадај“.

Фериде е позната и остра судијка на Судот во Истанбул. Нејзе и е доделен случајот на таткото на Махир Кара, Назиф Кара. Додека Махир (Кенан Имиралиоглу) храбро се бори против неправдата претставувајќи се како лажен адвокат, Фериде се вљубува во него без да знае дека тој е син на Назиф.

„Карадај“ се емитува секој ден во 21:20 на Dizi.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КАКО ВИНО: Супермодели кои надминале 50. години а и понатаму изгледаат беспрекорно!

Овие убавици се во поставата на супермодели од деведесеттите години. Со години ги освојуваа светските …