Брчките се голем проблем за жените, а најдобриот начин да се ослободите од нив се наоѓа во вашата кујна
Постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да го подмладите лицето, без да купувате скапи производи.
Смеса од белки
Одделете ги белките од жолчките и изматете крем од белките. Нанесете ја пенливата крема на лицето, користејќи ги прстите. Смесата држете ја на лицето најмалку половина час, а доколку ви е пријатно, можете да преспиете со маската. Наутро исплакнете ја кожата со ладна вода и ќе забележите дека е помека, понежна и затегната.
Маслиново масло
Маслиновото масло е една од најважните намирници во нашата исхрана. Ставете да провријат шест до осум чаши вода и истурете во голема чинија. Со крпа на главата, „парете“ ја кожата 15. минути. Потоа, ставете неколку капки маслиново масло и нежно масирајте ја кожата на лицето, а особено внимание посветете на местата каде се формираат брчките (очи, чело, кожа околу усните). Маслиновото масло ќе навлезе во подлабоките слоеви на кожата и со тоа ќе го намали формирањето на брчки.
Краставици
Краставиците се полни со силициум, претходник на колаген, па затоа е одличен сојузник во борбата против брчките. Изрендајте една голема свежа краставица и процедете ја. Козметичка вата, памук, или диск натопете во сок од краставица и нанесете ја на лицето. Оставете да делува половина час, а потоа добро исплакнете ја кожата со вода. Повторувајте ја постапката секој ден, и за неколку дена, првите резултати ќе бидат видливи.