(ВИДЕО) Девојка и мечка најдобри пријатели – заедно одат во риболов!

На социјалните мрежи се појави видео од мечка во риболов, а љубителите на животни веднаш започнаа да ја споделуваат.
Откако рускиот сафари парк престанал да работи во 2019. година, Арчи го спасила неговата нова сопственичка Вероника.
Тие се најдобри пријатели и често одат заедно на риболов.
Понекогаш, кога Вероника ќе се измори, Арчи дури и весла.


Снимките од мечка и девојката од езеро во Новосибирск неодамна станаа вирални, а неговата сопственичка добила бројни признанија.
Имено, Вероника не може да го ослободи Арчи затоа што тој целиот свој живот го поминал во заробеништво и веројатно немало да преживее долго во дивината. Затоа често го носи на авантури.
„Тој ме гледа како член на неговото семејство. Ние споделуваме храна, тој спие во моите раце и се крие зад мене “, рече таа.
„Арчи ги поминува деновите со нас и е заљубен во вода“, додала таа.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ретроградниот слабее, пристигнува НОВА енергија: Еве кои хороскопски знаци ќе имаат среќа во НОЕМВРИ!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …