(ВИДЕО+ФОТО) Вториот тенисер на светот бесен во Токио:„Кој ќе одговара ако јас умрам тука?“

Вториот тенисер на светот Данил Медведев се мачеше во осминафиналето против Италијанецот Фабио Фоњини. Не беше Фоњини најголемиот проблем за Русинот, кој отиде понатаму со 6:2, 3:6, 6:2, туку топлината и високата влажност.

Во еден момент од натпреварот, судијата Карлос Рамос забележа дека Медведев не се чувствува добро, па го праша дали може да го заврши мечот.

„Можам да го завршам натпреварот, но исто така можам и да умрам. Кој ќе ја преземе одговорноста ако умрам?” го праша рускиот тенисер, кој претходно се побуни дека натпреварите се играат во голема жештина, а не навечер.

„Исто така е смешно што имаме само една минута да ја смениме страната по секои два фема. Страшно е, треба да биде барем минута и половина како на АТП турнирите”.


Претходно, најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, го критикуваше играњето на горештини, а шпанската тенисерка Пола Бадоса доживеа топлотен удар, го предаде четвртфиналниот натпревар и го напушти теренот во инвалидска количка.

Фото: Принтскрин/колаж

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Виз Ер Скопски Маратон ги додели наградите за тим билдинг трката и штафетниот маратон– ЕУ за спорт

Вчера вечер во Брик бар сеодржа доделувањето на наградите за тим билдинг трката, која беше …