НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Концерт „Музички вибрации“ на “Македонски квартет труби”.

На 28.07.2021/ среда/ од 19.00 ч. во фоајето”  на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи концерт „Музички вибрации“ на “Македонски квартет труби”.

Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на Факултетот за музичка уметност во Скопје од кои двајца се и магистри по труба. (Бојан Митрески од Прилеп и Стојанче Косовски, Гоце Цоневски и Васко Рошков).

Концертот „Музички вибрации“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на музичко-сценска дејност за 2021 година. На концертот ке бидат изведени композиции од повеќе светски автори, како и две народни песни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, …