„Пресоздавање“ – Отворање на изложба во МКЦ

Пресоздавање е објектна инсталација на визуелна сензација, лутање односно перцептивно раздвојување и повторно создавање.

Трансформирана слика создадена од традиционалниот дводимензионален сликарски медиум во тродимензионален објектен цртеж ги содржи сите елементи кои го дефинираат сликарскиот дискурс. Материјализацијата на цртежот преку бојата и светлото-сенките, го освојува просторот и околината со обоен цртеж-објект.

Идејата за ваква инсталација е идеја на внатрешното чувство за репетитивно барање и лутање низ простор за истражување помеѓу објективната и субјективната реалност. Делото се обраќа на експресивноста на емоцијата на авторот конвертирана во идеја што ја создава сликата и инсталацијата т.е објектот.                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                           

Со користење на основните бои, се создаваат други нијанси и просторното лебдење завршува со цртеж на ѕид. Сензациите кои настануваат помеѓу врските, се Пресоздаваат со насочување на светлосните зраци низ транспарентноста на материјалот со што се проектира колоритен цртеж од линии-сенки, во просторот. Ослободената форма е постојано променлива, движечка и во треперење, а траекториите насочени кон ѕидните површини прикажуваат чин на присуство на ослободен тродимензионален апстрактен цртеж во отсутност на формата.

Насетливиот концепт за објектна исталација, постојано трагајќи по променливото, создава импулс на ликовност во простор. Бојата, површината и текстурата на формата само ги зголемуваат физичките аспекти на делото.

Биографија

Манојлоска Јулија, родена на 25. 08. 1992 година во Скопје, Во 2015 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности, во Скопје, во класа на м-р Јован Шумковски.

По завршување на студиите активно се занимава со сликарство и инсталации во областа на современата ликовна уметност.

Има учество на повеќе групни и самостојни изложби и проекти од областа на визуелни уметности:

Групна изложба, Витражи во Музејот на современа уметност во 2011 година

Групна изложба на цртежи во Чифте Амам во 2012 година.

Годишна изложба на Факултетот за ликовни уметности во 2012, 2013, 2014 и 2015 година.

Групна изложба на Биенале на цртеж- Остен во 2016 година

Учество на групната интернационална изложба Gogyoshi Art Project во галерија FLUX во 2016 година.

Групна изложба YoungArt, во Мала Станица, во 2016 година

Учество на Скопје Креатива со самостоен ликовен проект – инсталации, насловен „Транспарентни сенки“ во МКЦ, 2017 година

Самостојна изложба во Ликовна Галерија, „МаркоЦепенков“, во Прилеп, 2017 година

Учество на изложбата „Св. Климент Охридски“ во НУБ, во 2017 година

Учество на Скопје Креатива со самостоен проект, ликовна инсталација насловена „Интервенција во форма и боја„ , во 2018 година

Учество на изложба на фотографии, „99 File“, во Н.У. Музејот на современата уметност во Скопје, во 2018 година

Самостојна изложба, насловена „Секвенци“ , воДом на градежници Галерија КО-РА, во 2019 година.

Учество на 13-то Меѓународно Биенале на млади уметници во Н.У. Музејот на современата уметност во Скопје, во 2021 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, …