ПОСЛЕ 40. ТЕ ОМЕГА 3 МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ НИ СЕ НЕОПХОДНИ, БЕЗ НИВ ТЕЛОТО ПОБРЗО ПРОПАЃА: Во овие намирници ги има во изобилство!

Без омега 3 масни киселини нема добро здравје
Истражувањата докажале дека омега 3 масните киселини имаат неверојатно позитивно влијание врз целокупното здравје на организмот. Есенцијални масни киселини се оние кои нашето тело не може да ги произведе самостојно, што значи дека мора да ги добие од храна или додатоци во исхраната.

Тие ја зголемуваат способноста на нашето тело да ги разградува мастите. Позитивно влијаат на менталните нарушувања, на луѓето кои страдаат од депресија и анксиозност.


Масните киселини се исклучително важни за когнитивниот развој и однесување, а клинички е докажано дека има корисен ефект врз здравјето на мозокот, очите, срцето, коските и зглобовите. Тие исто така придонесуваат за одржување на нормалното ниво на холестерол.


Редовното внесување е од клучно значење за правилно функционирање на целиот организам. Во овие намирници ќе го најдете најголемиот извор:
Лосос, скуша, инчуни, сардела, харинга и сардини
Туна во конзерва
Семиња (особено лен и чиа)
Авокадо
Ореви
Соја

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …