Ова се главни СИМПТОМИ ЗА ИСЦРПЕНОСТ ОД ТОПЛИНА: Зошто не треба да ги занемариме

Исцрпеноста од топлина предизвикува симптоми кои можат да вклучуваат засилено потење и забрзан пулс.
Дали некогаш сте помислиле дека страдате од несакани ефекти од премногу топлина?

Што е исцрпеност од топлина?
Исцрпеноста од топлината се јавува кога телото не е во можност правилно да се излади, особено во услови на голема топлина. Може да се развие во текот на неколку дена на изложеност на високи температури и недостаток на течности. Причините за исцрпеност на топлина вклучуваат изложеност на високи температури, особено во комбинација со висока влажност и напорна физичка активност. Обично се забележува кај постари лица, луѓе со висок крвен притисок или кај оние кои работат или вежбаат на топли места. Без навремен третман, исцрпеноста од топлина може да доведе до топлотен удар, што е опасна состојба, пишува The Sun.


Симптоми на исцрпеност на топлина?
главоболка
вртоглавица
конфузија
губење на апетит
гадење
прекумерно потење
бледило
леплива кожа
грчеви во рацете, нозете и стомакот
брзо дишење или забрзан пулс
температура од 38 ° C


Која е разликата помеѓу исцрпеноста на топлината и топлотниот удар? Топлотниот удар е многу сериозна состојба и најмногу загрижува од сите болести поврзани со топлината. Тоа се случува кога температурата на телото станува опасно висока и повеќе не е во можност да се лади.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СПАСЕН ЖИВОТОТ НА НЕРОДЕНО БЕБЕ ОТКАКО МАЈКАТА ПОЈАДУВАЛА џем на тост

Имале многу среќа. Да не бил појадок и џем, никогаш немало да откријат сериозен проблем. …