(ФОТО) Ѓоковиќ лесно до второто коло на ЛОИ. После мечот противникот го воодушевил со зборовите покрај мрежата…

НОВАК  ЃОКОВИЌ влезе во второто коло на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио. Тој го победи Боливиецот Уго Делиен со 6:2, 6:2.
Делиен и Ѓоковиќ разговарале на шпански јазик на крајот од мечот, а потоа Боливиецот воодушеви.
„Ова е сон за мене и сакам да го паметам овој ден целиот мој живот. Можеме ли да ги размениме дресовите?” – го праша боливискиот тенисер Ѓоковиќ.
Насмеаниот Ѓоковиќ се согласил, па дресовите ги размениле во соблекувалната.
Делиен има необична приказна. Своевремено го напуштил тенисот и сите свои пари ги вложил во производство на сладолед. Неговата компанија банкротирала, па по неколку години пауза, тој се вратил на тенисот, а сега настапи и на Олимписките игри.

Фото: Принтскрин/ (Eurosport)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …