ПРВИ ФОТОГРАФИИ НА КАМЕРОН ДИЈАЗ СО ЌЕРКАТА: Се повлекла од светот на глумата за да се посвети на семејството а девојчето е нејзина вистинска копија!

Познатата актерка Камерон Дијаз откри на почетокот на 2020 година дека со рокерот Бенџи Маден ја има ќерката Радикс, а сега тричленото семејство е фотографирано заедно за прв пат.
Познатата холивудска актерка Камерон Дијаз се повлече од светот на актерството пред неколку години, иако не и недостасувале понуди за улоги. Потоа, како причина, таа изјавила дека сака да му се посвети на своето семејство далеку од центарот на вниманието и црвените теписи.
После бројните љубовни бродоломи, таа пронајде среќа со рокерот Бенџи Маден (42), а на почетокот на 2020 година ја шокираше јавноста со информацијата дека станале родители.
За нејзината бременост се шпекулираше со месеци, иако сè уште не е познато дали актерката е таа што родила, или дали ќерката ја добиле благодарение на сурогат мајка.


Сепак, иако ја кријат својата интимност од очите на јавноста, папараците конечно ги фотографирале заедно во јавност, а фотографиите го обиколија светот со брзина на светлината.
Двојката е фотографирана како ја напушта својата вила во Лос Анџелес за да појадува во ресторан, а по тој повод тие биле лежерно облечени, а Камерон е таа што ја носеше нејзината ќерка цело време.


Сите се согласуваат – малата Радикс е слика и прилика на познатата мајка.
Кога станува збор за родителството, актерката никогаш не сакаше премногу да коментира премногу. Таа откри само дека нејзиниот сопруг е прекрасен татко и дека се чувствува среќна затоа што тој е секогаш при рака, а на крајот на денот, таа добива време за себе додека тој се грижи за нивната ќерка.
Како што стојат работите, таа не планира да се врати наскоро во светот на актерството, барем додека Радикс не наполни уште неколку години.

Извор: kurir.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѕвезда на ТикТок починала на 27. години:„Не издржа!“

Уште една млада ѕвезда на Тик Ток ја загубила битката за живот… Кесиди Пирсон од …