Еве какво влијание на слабеењето има кафето!

Кафето е пијалок што се пие низ целиот свет. Покрај водата е најпопуларниот пијалок во светот. Ако сте се прашувале дали може да ви помогне да изгубите тежина, одговорот е ДА. Диететичарката Кетрин Зерацки од клиниката Мајо вели дека кафето влијае на слабеењето на неколку начини.

Го потиснува апетитот
Никој не вели дека треба да престанеме да јадеме за да изгубиме тежина, згора на тоа, воопшто не е здраво. Но, кога ќе се јави глад, кафето може да помогне во смирување на апетитот.
„Кофеинот може да го намали чувството на глад и вашата желба да посегнете по храна“, вели Зерацки.

Тоа помага да согорувате калории, дури и кога одмарате
Сите понекогаш треба да се одмориме, но тоа не значи дека не трошиме калории додека го правиме тоа, особено ако пиеме кафе. Благодарение на влијанието врз процесот на термогенеза во организмот, кафето може да му помогне на метаболизмот да остане активен кога ќе решиме да се одмориме од се.

Дејствува како стимуланс
Зерацки вели: „Улогата на кофеинот како стимуланс може да донесе поголема ефикасност на капацитетот на согорување калории во организмот“.

Сега можеби имате желба да пиете кафе, но бидејќи тоа е навика што влијае и на здравјето, секогаш е најдобро да се консултирате со лекар за да изберете рутина и навики што одговараат на вашето здравје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Дете (2) од згрижувачко семејство, изгладнето и дехидрирано, со долга историја на болести, не ја издржало битката за живот и покрај напорите на лекарите!

Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката …