Во глечер пронашле вируси од пред 15.000 години: За 28. ниту не се знаело

Научниците во примероци од мраз од глечерите на тибетското плато откриле досега непознати вируси кои датираат од пред 15.000 години.
Откриените вируси се различни од оние што претходно ги евидентирале научниците, покажува студија објавена претходно оваа недела во списанието „Микробајом“.
Тим составен од научници кои ги проучуваат климатските промени и микробиолозите од Државниот универзитет во Охајо откриле вируси во два примерока мраз извадени во 2015. година на врвот на Гули, во западна Кина на околу 6.700 метри надморска височина, пренесува CNN.


Примероците од мразот биле земени од глечерот на длабочина од околу 310 метри, потврдил еден од водечките автори на студијата, микробиологот Џипинг Џонг. Научниот тим го анализирал мразот и открил 33. вируси, од кои најмалку 28. не и биле познати на науката од порано, но кои успеале да преживеат бидејќи биле замрзнати.
Според заклучоците објавени во студијата, пронајдените вируси најверојатно потекнуваат од почвата или од растенија, а не од луѓе или животни, тие се прилагодени на живот во екстремни услови и не би биле штетни за луѓето.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува четвртото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

После точно една година Андерфест по четврти пат ќе го донесе најдоброто и најсвежото на …