(ВИДЕО) Срцето наместо на левата и е на десната страна: Се боцнала на бодликава жица и ја дознала шокантната дијагноза!

Девојка отишло на лекар да прими тетанус поради убод на бодликава жица…
Клер Мек, на социјалната мрежа Тик Ток, раскажала неверојатна приказна, како отишла на лекар поради повреда, да прими тетанус, а потоа открила дека има инфекција на белите дробови.
Младата 19-годишна девојка се пожалила на докторот дека сè уште има постојана кашлица, која ја лекувала со антибиотици, а наодите од скенирањето на белите дробови биле изненадувачки. Лекарот и рекол дека нејзиното срце е од десната страна, а не од левата страна.

@caremack#stitch with @caremack rip to any surgeon that has to do heart surgery on me #dextrocardia #heart #situsinversus #medtok #hospital #er #xray #nyc

loading...

♬ original sound – Claireeeeee


– Лекарката изгледаше многу шокирано и ме праша: Дали знаевте дека срцето ви е на десната страна, наместо на левата? Бев збунет и почнав да се смеам затоа што не и верував. Таа ми објасни дека состојбата се вика декстрокардија и дека треба да го известам матичниот лекар за тоа. Постојано ја прашував дали е сериозна затоа што бев шокирана и збунета што не знаев за тоа се до мојата 19. година – открила Клер на видеото.

Родителите биле шокирани кога дознале
Декстрокардија е многу ретка состојба со која се раѓаат помалку од еден процент од луѓето. Нејзините родители исто така биле шокирани.
– Татко ми полуде, а на мајка ми и беше смешно што не знаев до сега. Никогаш не направив рентген на белите дробови, па не можев да знам дека моето срце е на спротивната страна од нормалното. Матичниот лекар еднаш за време на прегледот ми рече дека моето срце може да се чуе погласно од десната страна, но очигледно дека не може да дијагностицира декстрокардија врз основа на тоа – заклучила оваа девојка.


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …