Актерот Шон Пен изјавил дека нема да се врати на снимањето на тв серијата „Гаслит“, инспирарана од аферата Вотергејт, се додека целата екипа не се вакцинира против вирусот корона, потврдил претставникот на актерот за Си-Ен-Ен.
Пен во политичка драма ја игра улогата на државниот обвинител Џон Мичел, а славната Џулија Робертс ја игра неговата сопруга.
Deadline во четвртокот објави дека Пен упатил ултиматум затоа што не бил задоволен од барањата за вакцинација наметнати од NBC Universal, студиото што стои зад неговата најнова продукција.
ТВ-компанијата објавила дека вовела задолжителна вакцинација во „Зона А“, што значи дека мора да се вакцинираат екипите на шоуто, како и сите оние кои ќе дојдат во директен контакт со нив.
Пен исто така сака да се вакцинираат членовите на тимот надвор од „Зона А“, па рекол дека нема да се врати на работа се додека сите не ја примат вакцината.
Според Deadline, Пен се понудил финансиски да ја поддржи кампањата за вакцинација преку неговата непрофитна организација.
Фото: Принтскрин/YouTube