95 години Скопје Зоо – Летно кино на отворено со проекција на филмот „Пинокио“

Со проекцијата на филмот „Пинокио“ во Градски Парк на Школка ќе започнат низата настани со кои роденденски ќе се одбележат 95 години од основањето на Зоолошка градина Скопје. Во текот на наредните месеци планирани се едукативни и забавни настани во градината, а првиот- кино на отворено ќе се одржи во недела со почеток во 20:30.

 

„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот „Пинокио“ кој беше номиниран во две категории за Оскар е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Се гледаме на Школка“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, …