Совети на нашите баби за чистење кои ШТЕДАТ ПАРИ И ВРЕМЕ!

Решение со ореви
За да отстраните траги или гребнатини на мебел, ормани, дрвени облоги и повеќе, втријте малку орев на нив. Маслото од орев ќе го обнови изгледот на дрвото.

Детска уметност
Не полудувајте кога детските уметнички дела ќе завршат на непредвидени места околу станот. Обичен чист алкохол лесно отстранува мастило од облеката и траги од боички од столарија и тапети.

loading...

Гума за џвакање
За да ја отстраните гумата за џвакање од прстите или косата, во гумата за џвакање втријте крем путер од кикирики или растително масло. Почекајте неколку минути. Гумата за џвакање веднаш ќе се отстрани. Потоа измијте ги рацете или косата како и обично.


Скара без маснотии
Направете вашата скара да изгледа одлично. Поставете ја решетката од скарата на тревникот преку ноќ. Росата ќе се комбинира со ензимите во тревата за да се ослободат изгорените маснотии. Пробајте и со валкани решетки за печки.

Полирање со млеко
Лакирани кожни чанти и чевли може брзо да се исполираат со млеко. Нанесете млеко на мека крпа и истријте.


Дамки од сапуница
За да ја направите вратата за туширање сјајна и чиста, користете мека крпа навлажнета со бебешко масло. Тоа спречува натрупување на нечистотија од валканици и сапун, а дамките од тврда вода нема да се појават неколку месеци.

Пилинг од шеќер
Кога рацете ви се многу валкани, додадете лажичка шеќер во сапунот кога ќе ги миете. Овој пилинг многу лесно ќе ги исчисти сите нечистотии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто 33 % жени со полицистични јајници имаат прекумерна тежина?

Поновите истражувања сведочат дека 33 % женисоСиндром на полицистични јајници (PCOS) се борат со прекумерна …