Совети на нашите баби за чистење кои ШТЕДАТ ПАРИ И ВРЕМЕ!

Советите кои се пренесуваат од генерација на генерација обично се најдобри – а нашите баби имале еден куп трикови за чистење со кои се штеди на време, пари и напор.

Мирисна свежина
Летната жештина понекогаш може да предизвика кантите за отпадоци да смредат повеќе од вообичаено. За да ја избегнете оваа непријатна ситуација во вашиот дом, ставете гранче свежо нане или парче лимон на самото дно од кантата.

Нема повеќе молци
Држете ги молците подалеку од облеката со природно решение. Направете сопствен нафталин со мешање на масло од каранфилче и масло од цимет, а потоа со оваа мешавина навлажнете парче памук, ставете ги во проѕирни кеси и закачете ги во плакарите.

Исперете ја прашината
Капаците од радијаторите и отворите за вентилација се скриени места кои во себе содржат голема количина нечистотија. Со оглед на нивниот облик, не е лесно да се исчистат беспрекорно, но има интересен и едноставен трик за тоа. Едноставно отстранете ги капаците и измијте ги во машина за миење садови, така ќе заштедите време и напор.

Маснотија, лепливи материи и сè што ќе ви падне на ум
Уморни сте од стружење налепници од новите работи? Отстранете ги едноставно со помош на WD-40, а освен тоа ослободете се од наслагите на маснотии во кујната или ‘рѓа со помош на ова генијално средство.

Измијте ја „главата“ од тушот
За да отстраните варовник и мувла на главата за туширање, истурете малку дестилиран оцет во пластична кеса, ставете ја главата за туширање во ќесата така што главата ќе биде целосно потопена, а потоа врзете ја ќесата околу цевката и оставете ја преку ноќ. Вашиот туш наутро ќе биде како нов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На родителите со презентација им открила дека е стриптизерка

Лекси од Портланд, Ореган, долго време се двоумела да им признае на родителите со што …