Руски психотерапевт нуди 7. златни правила за добар живот:„Никогаш не ја префрлувајте одговорноста!“

Андреј Курпатов, познат руски психотерапевт, писател и колумнист на многу публикации, ги постави златните правила во неговиот живот. Ви предлагаме да ги прочитате, бидејќи тие можеби и вам ви одговараат.
Креаторот на современиот модел на психологија, автор на повеќе од сто научни трудови и неколку десетици монографии, управува со еден од најдобрите психотерапевтски центри во Русија, е советник на Федералното собрание на Руската Федерација за психолошка култура и ментално здравје.
Андреј Курпатов е доктор-психотерапевт, исклучителен специјалист со голем авторитет, управител на Клиниката на д-р Андреј Курпатов, раководител на Градскиот клинички центар во Санкт Петербург, член на Балтичката педагошка академија.

Неговите книги се многу интересни, напишани на разбирлив јазик, полни со иронија и навистина помагаат!
1. Никогаш не ја префрлајте одговорноста за она што ви се случува во животот на грбот на другиот
Јас разбирам дека има постојано искушение да се обвини друг, тоа е можеби најлесно и со тоа да се оправдате.
Но, можеби ќе го најдете кога целосно ќе прифатите дека сте автор на сите ваши неуспеси и креатор на сите ваши успеси.

2. Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – готово е
Можеме само да влијаеме на иднината, и зависи од тоа што ќе правиме сега.
Не очекувајте дека вашето идно ќе биде безболно: Треба да го сторите најдобро што можете за да вашата иднина ви се насмевне.

3. Отфрлете ја илузијата дека можете да ги менувате другите
Потсвесно, сите ја имаме оваа наивна илузија дека можеме да смениме некого. Како резултат, страдаме затоа што не можеме да го спроведеме на дело.
Само околностите можат да ги променат луѓето – сè друго е само перцепција на измама.
Дозволете им на другите да бидат различни, да бидат тоа што се.
Во одреден момент, можеби дури и ќе почнете да уживате во нив.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) КАКО ВИНО: Супермодели кои надминале 50. години а и понатаму изгледаат беспрекорно!

Овие убавици се во поставата на супермодели од деведесеттите години. Со години ги освојуваа светските …