РАСТЕГНЕТЕ ГИ СО ПЕГЛА: Едноставен трик кој ќе ви помогне „да се вовлечете“ во омилените ПАНТАЛОНИ!

Со овој едноставен трик, ќе можете да носите тесни панталони.
Ако сте купиле панталони што се собрале за еден број по перењето, не грижете се. Ќе можете лесно да ги истегнете, со помош на пегла.
Овој трик е едноставен, а освен пегла, ќе ви треба и влажен пешкир и даска за пеглање.
Со овој метод, можете да ги истегнете скоро сите панталони – и оние со еластична лента, како и фармерки.
Панталони со еластична лента

Навлечете ги пантолоните во даската за да бидат затегнати, а на еластичната лента ставете крпа што претходно сте ја навлажниле со топла вода. Вклучете ја пеглата и притиснете ја на пешкирот. Држете околу 10 секунди, а потоа оддалечете се исто така 10 секунди.
Повторувајте го процесот додека не ги истегнете панталоните до саканата големина.


Обични панталони без еластична лента
Може да се прошират и панталони кои немаат еластична лента. Навлечете ги во даската за пеглање, а потоа намокрете ги со сунѓер или распрснувач.
Пеглата ставете ја на опцијата заиспуштање на пареа и испеглајте ги по должината на струкот, притоа повлекувајќи го тој дел. На тој начин ќе ги истегнете колку што ви одговара.


Тексас фармерки
Со истиот метод што ги користевте за да ги истегнете панталоните без лента, можете да ги истегнете и фармерките, со услов на крајот делот што доаѓа на струкот ќе ги развлечете преку закачалка и ќе ги оставите да се исушат на тој начин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …