(ВИДЕО) ВРЕМЕ Е ЗА НЕШТО СЛАТКО: Непечени крем триаголници со банани!

Одличен ладен десерт!
Потребно е:
100 – 150 гр бисквити (по можност турски)
150 гр млечни бисквити
200 гр крем сирење
100 мл млако млеко
2 лажици шеќер во прав
3 банани
200 мл слатка павлака
кесичка желатин, по желба
Подготовка:
Изматете го крем сирењето со шеќерот во прав и додадвајте ја слатката павлака, лажица по лажица. Додадете загреан желатин (според упатствата) и изматете. Додадете ја омилената арома. На алуминиумска фолија прво наредете ги турските бисквити а претходно натопете ги во млекото. Редете во три реда правејќи правоаголник. Ставете една третина од кремот над бисквитите. Наредете го млечниот бисквит исто така натопен во млеко. Наредете 3 банани на средина и премачкајте со остатокот од кремот. Свиткајте го долниот и горниот дел од бисквитите, соберете го на врвот и обликувајте со рацете и залепете ја фолијата. Ставете во фрижидер на еден час или повеќе во фрижидер. Кога е доволно изладено и стегнато отстранете ја фолијата, полијте со растопено или рендано чоколадо по желба. Счете кога ќе биде потполно изладен. Многу „богат“ и многу вкусен. Може да биде торта или пита. Сладете се… Викендот е за убаво нешта.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …