(ВИДЕО+ФОТО) „100. позива“ е насловот на новиот летен хит на Таско и Лина

Нашите познати артисти Таско и ултра талентираната и харизматична Лина Пејовска претходното лето буквално го запалија балканот со хитот “Неваљала”, која беше една од  најслушаните песни на годината со фантастични 13 милиони + прегледи на Јутуб. По точно една година Таско и Лина со истиот проверен тим на луѓе ја промовираат “100 позива”.

Песната е во поп стил со српски наслов и се вика “100 позива”, за која музиката и текстот ги напиша Таско, аранжманот е на Aleks on the Beat од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот го изработи нашиот познат режисер Гордан Божиновски во соработка со Били Д, а интересно е да се напомене дека тимот на Урбан се првите Македонци што снимале во студијата на “IDJ” во Белград.

Во спотот се менуваат повеќе интересни стајлинзи за кој се погрижија самиот Таско, за стајлингот на Лина модниот дизајнер Занов, Ива Спасовска-Атеље и Христина Пејовска. Сето тоа во организација на Борис Тасковски и Христина Пејовска.

На спотот се работеше доста професионално и ова докажува за веќе големата блискоста на нашата и српската забавна сцена, каде се снима и соработува заедно и за брзо време публиката може да очекува многу нови заеднички проекти.

Таско ексклузивно  ја промовираше новата песна синоќа во ноќен клуб во Скопје, а  каква беше атмосферата таму , погледнете од видеото…

Во прилог линк од спотот „100 Poziva„- Tasko x Lina  кој се промовираше на Ју Туб каналот на “IDJ VIDEOS” за кој може да кажеме дека изгледа светски…

Следна дружба Таско ни закажува за 24ти Јули во Club Industrial –Струмица. Таму ќе настапи заедно со Босанецот Инас со кого го имаат дуетот Балкан Банда. Па повелете на добра забава…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …