(ВИДЕО+ФОТО) Македонското знаме се развеа на отворањето на Олимписките игри во Токио

Мала но одбрана екипа, со македонското знаме, се појави на свеченото отворање на ЛОИ во Токио, Јапонија…
Македонското знаме се развеа на свеченото отварање на 33. Олимписки игри кои денеска свечено беа отворени во Токио.

Знаменосец на македонската делегација беше таеквондистот Дејан Георгиевски, крај кого се појави и Арбреша Реџепи, која во последен момент доби зелено светло да биде дел од отворањето откако вчера беше објавено дека била во контакт со лице позитивно на Ковид 19.

Македонската делегација брои осум спортисти, а прв на мегдан утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

</div

Македонските спортисти беа елегантни -во костуми, а девојките носеа едноставен но елегантен фустан.

Фото: Принтскрин/MRT

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумицата се пријавила во затвор на отслужување на казната поради злосторствата поврзани со култот

Актерката Алисон Мек, позната по улогата во серијата „Смолвил“, се пријавила да ја отслужи казната …