15 учесници од Македонија се дел од онлајн-жирито на „Џифони Италија“

Петнаесет македонски средношколци и студенти од денес, па во наредните девет дена, ќе бидат дел од меѓународното жири на најголемиот филмски фестивал за деца на светот – „Џифони“ кој се одржува во Италија. Под мотото „Восклик на радоста“ оваа година фестивалот „Џифони“ постепено се враќа во киносалите. Така, на 3000 учесници во живо ќе им се придружат уште 2000 учесници поврзани онлајн од Италија и од други земји ширум Европа.

Македонската група повторно е најбројна: по пет претставници во секоја од трите старосни категории ќе ја следат програмата од просторитте на „Џифони Македонија“, во согласност со протоколите за безбедност. Тие заедно со своите врсници во киносалите во Џифони и онлајн, ќе ги гледаат филмовите на програмата, ќе дискутираат за нив со гостите и ќе гласаат за своите фаворити.

Повторно посветен на јубилејот – 50 години од првото издание на фестивалот „Џифони“ – кој минатата година не можеше да биде соодветно одбележан, овогодинешниот настан се одржува под името „Giffoni50Plus“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Организиран превоз до Стоби за изложбата на Петар Хаџи Бошков

За оние кои сакаат да дојдат на отворањето на изложбата со дела од Петар Хаџи …