Турската актерска двојка, Халит Ергенч и Бергузар Корел, попознати за нас како Сулејман и Шехерзада, се во слатко исчекување. Двојката има два сина, Али и Хан, а сега во нивното семејство доаѓа девојче, а неодамна открија дека ќе и го дадат името Лејла.
Актерката објави фотографија на Инстаграм и го покажа стомакот во 25-та недела од бременоста. Следбениците се воодушевени, некои дури и благодарни, бидејќи Бегузар споделува посебни моменти со нив.
„Чиста убавина“, „Ти благодарам што споделивте вакви посебни моменти со нас“, „Те сакаме“, се дел од коментарите на нејзиниот пост.
Фото: Принтскрин/Instagram