СЕ ОТСТРАНУВА ДОГРАДБАТА НА КАФЕ-БАРОТ „ПРАВДА“ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

По налог на Општина Центар и врз основа на Решението ИП1 бр. 34-48 од 20.5.2021 година започна отстранувањето на доградбата на кафе-барот „Правда“ на улица „Мирослав Крлежа“.


По направениот увид од овластен градежен инспектор, констатирано е дека инвеститорот не поседува одобрение за доградба на објект, како и решение за поставување градби. Доградбата е изградена од целосно застаклена метална конструкција, како и платформата што е покриена со штици.


„Упатувам апел до сите инвеститори, кои имаат добиено решенија, самостојно да ги отстранат нелегално изградените објекти. Во спротивно, Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување. И наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе продолжи со контролите и со инспекциските надзори“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – Во текот на изминатите 24. часа регистрирани се 4. починати лица (+3 починати од Мој Термин): Денес се регистрирани 411 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 …