(ВИДЕО) Џенифер Лопез без шминка предизвикала многу коментари:„Помлада си кога си природна!“

Погледнете како изгледа пејачката без шминка.
На својот профил на Инстаграм, Џенифер Лопез објави видео во кое е без шминка. Снимката трае околу пет минути и таа ја покажа својата дневна рутина, која се состои од креми и серуми. Секако, станува збор за нејзината колекција што ја рекламира.
Покрај „кафе и вода, односно хидратација, важна е и негата“, а пејачката во еден момент вели дека „видеото нема филтер“.
Објавата ја погледнале скоро 6. милиони луѓе и сите ја пофалија како изгледа: „Имаш лице како бебе“, „Морам да признаам дека изгледаш убаво без шминка“, „Изгледаш многу помладо“, „Ти си толку убава “, напишаа нејзините следбеници во коментари.
Многумина и порачаа дека блеска и дека веруваат дека за тоа е одговорен актерот Бен Афлек, со кого Џенифер, откако раскина со Алекс Родригез, ја обнови врската.

Исто така, забележливо е дека ќерката Ема изгледа како позната мајка, кога е без шминка.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОЦЕС НА СЛАБЕЕЊЕ – Овие пет навики во исхраната ќе го забрзаат согорувањето на мастите

Губењето килограми и салото на стомакот е процес. Тоа не се случува преку ноќ откако …