(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО – Жена се вратила од мртвите и открила дали треба да се плашиме од смртта!

Една жена буквално се вратила од мртвите и опишала какво е чувството да се биде на „другата страна“
Трисија Бејкер, доживеала тешка сообраќајна несреќа во која изгубила многу крв и била во многу критична состојба. Иако не се сеќава на самата операција, таа тврди дека во тој момент, нејзината душа го напуштила телото и дека цело време ја гледала својата операција како дух.
– Бев свесна за мојата состојба, дека станав дух. Станав копија на моето тело составено од светлина и бев скоро на аголот од собата. Ги гледав хирурзите таму кои се бореа за мојот живот и се прашував зошто има толку многу крв, зошто ја губам толку одеднаш – вели Трисија и додава:

„Ангелите ми рекоа дека сè ќе биде добро“

loading...

– Тогаш видов двајца интелигентни луѓе исто така направени од светлина, маж и жена и ги доживеав како ангели. Ми испратија телепатска порака дека сè ќе биде во ред, а потоа ми го осветлија телото, исто како и рацете на хирургот. Сепак, веднаш после тоа, моите витални функции застанаа и се појавија прави линии на мониторот. Ми беше јасно дека умрев и едноставно не сакав да гледам повеќе. Излегов од операционата сала и ги видов моите скршени родители во чекалната.

„Ме обзеде чувство на неверојатна љубов“


– Полетав кон ноќното небо и почувствував присуство на свест, што го толкував како светлина од Бога. Ме обзеде чувството на љубов, длабок мир, радост и низ главата ми пролетаа слики од моето детство и рана младост – вели Трисија.

Чувството на љубов што го чувствувала било неверојатно
– Тоа чувство на љубов беше толку интензивно што е тешко да се опише. Не можете да ја замислите таа количина на љубов, ние не чувствуваме такво нешто цел живот.
Пораките почнаа да пристигнуваат, велејќи ми дека љубовта е се што е важно, а таа светлина ми покажуваше повеќе детали од мојот живот. Имаше и делови што не ми се допаѓаа толку многу, кои ме потсетуваа дека знам да бидам груба кон другите.
Одеднаш сè се претвори во прекрасна градина, имав чувство дека сè мртво е повторно живо. Ми се појави мојот покоен дедо и тој изгледаше убаво. Умре во седумдесеттите години, но блескаше во рајот. Повторно се чувствував како мало дете, потполно слободно, заштитено и силно сакано од Бога.


Таа не сакала да го напушти ова „кралство“
Повеќе не сакав да го напуштам тоа „кралство“, но одеднаш слушнав глас кој ми зборуваше дека ќе треба да ги учам другите за моето искуство и ме врати во моето тело – рекла Трисија во едно интервју, додавајќи дека цело време додека била во болницата чувствувала присуство на ангели.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …