(ФОТО) ШОК ТВРДЕЊА: Анџелина Џоли ги принудувала родителите да ги даваат нивните деца на посвојување?

Новиот документарец ќе открие многу мрачни тајни на познатата актерка
Анџелина Џоли, се нашла на мета на медиумите, откако била обвинета дека принудувала родители на деца од Камбоџа да ги даваат своите деца на посвојување.
Новиот документарец на авторот Елизабет Џејкобс, исто така, ќе открие дали и родителите од Камбоџа биле измамени при посвојувањето на нивните деца. Се’ ќе се дознае за неетичките практики на жената која и помогнала на познатата актерка да го посвои својот син Медокс.

Галиндо ја признала вината
Се тврди дека сиромашните семејства биле измамени да ги продаваат своите деца и со тоа автоматски ги даваат на посвојување, што Галиндо секогаш го негирала и за кое никогаш не била осудувана. Таа подоцна се изјасни за виновна за обвиненијата за визна измама, структурирање на валути и перење пари. Таа била осудена на 18. месеци во федерален затвор во 2004. година.
Анџелина истакнала дека ги поминала сите потребни правни процедури и проверила, со цел да се осигура дека Медокс е сираче, како и дека неговите родители не се живи.
– Никогаш не би и украла дете на мајка. Можам да замислам колку би било страшно тоа – рекла Анџелина во една прилика.

Сепак, новиот документарец ги испитува потенцијалните неетички практики на посвојување во Камбоџа и дали Галиндо и нејзините специјални регрутери за бебиња изневериле други родители.
Режисерката Елизабет Џејкобс оваа година треба да снима документарец наречен „Украдените деца“ за да се обиде да ја открие вистината зад методите на Галиндо за наоѓање бебиња за посвојување.

Елизабета е од слична генерација како Метокс и исто така била посвоена. Таа има за цел да го истражи своето минато, да се обиде да најде одговори за матниот свет на посвојување, помагајќи да пружи подобро разбирање за сопственото посвојување во процесот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …