(ФОТО) ПОЧИНАЛО ДЕВОЈЧЕТО, со синдром на Бенџамин Батон, КОЕ ИМАЛО 144 ГОДИНИ: „Мамо, мораш да ме пуштиш да заминам…!“

Девојче чија здравствена состојба беше следена низ целиот свет починало, објави нејзината мајка.
Ашанти Смит страдала од ретка болест, синдром HGPS или Хачинсон Гилфорд Прогерија, исто така познат како синдром на Бенџамин Батон. Во 2014. година, лекарите изјавија дека не очекуваат да живее подолго од нејзиниот 15-ти роденден. Храброто девојче се избори многу повеќе од тоа, но, за жал, почина на 18-годишна возраст. Лекарите велат дека таа имала тело на 144-годишник.


Тоа е исклучително редок синдром што се должи на фактот дека таа старее неконтролирано – осум години за секоја година од нејзиниот живот.

– Таа почина покрај мене, татко ми и наш пријател. Последното што ми рече беше „Треба да ме пуштиш“, вели нејзината мајка, Фиби Луис Смит.
Фиби вели и дека погребот ќе биде организиран со многу бели коњи, пердуви и знамиња во бои на виножито.


– Нејзиниот живот беше чиста радост. Прогеријата влијаеше на нејзината подвижност, но не и на радоста на животот. Ја обожував, таа беше брилијантна и со неверојатен дух – вели нејзината мајка.

Извор: Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Јогурт за нега на лицето? Еве како функционира моќниот пробиотик!

Јогуртот има бројни позитивни ефекти. Јогуртот е популарно јадење ширум светот, а покрај нутритивните придобивки, …