(ФОТО) ОВИЕ СЦЕНИ ОД ПЛАЖА ОСТАВААТ БЕЗ ТЕКСТ: Луѓето носат необични работи на ЛИЦЕТО а сите се прашуваат дали тоа е нов ТРЕНД?

Во медиумите има многу полемики во врска со заштитата на кожата, како и бројни активности насочени кон подигнување на свеста за штетноста на директната сончева светлина на кожата.
Кога станува збор за нега на кожата, Азијците доминираат и поставуваат нови трендови – од маски за лице, креми и други помагала. Овој пат тоа е бикини за лице, или фејскини (facekini).


Во Кина, многу производи се користат за одржување на бледа кожа. И додека многумина се горди на својата бронзена кожа и гледаат на тоа како услов за убавина, азијките веруваат дека белата кожа е одраз на вистинска убавина, па затоа на плажата носат маска која ја покрива целата глава, оставајќи мини отвори за очите , носот и устата.


Ова бикини за лице е дизајнирано од сопственикот на продавница за костими за капење, Жанг Шифан, уште во 2004. година, бидејќи во Кина жените копнеат по посветла кожа, а изложеноста на сонце ја прави потемна. Целта на ова парче облека е да ве заштити од сонцето, медузи и инсекти.


И додека девојките во западните култури бараат најмали можни бикини, а се почесто се целосно голи или топлес на плажа, во Кина, жените сериозно ги слушаат советите на експертите кои велат да не ја изложувате кожата на сонце во текот на критичниот дел од денот.


Цената на ова бикини за лице варира од 2. долари за поедноставни до 24. долари за оние малку пораскошни парчиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …