(ФОТО) НЕМА МИР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО – ПРИНЦОТ ХАРИ СИ ЈА „ЗАЦЕМЕНТИРАЛ“ ИДНИНАТА: Таткото и братот бесни поради неговите МЕМОАРИ – тоа била последната капка!

Постоела одредена шанса дека принцот Хари ќе успее да го зачува она што преостанало од неговата врска со татко му и брат му, но неговата одлука да напише мемоари во кои ќе открие сè ја уништила последната шанса на надеж.

Многумина кралски лица за Daily Mail изјавиле дека „расте чувството на гнев и шок“ кај кралското семејство и дворјаните поради планот на Хари.

– Нема враќање назад, ова е последниот клинец во ковчегот за кралското семејство и нивната врска со Хари. Емотивниот немир што ќе предизвика чекање на книгата повеќе од една година ќе биде доста болен – изјавил висок член на кралскиот штаб.
Она што најмногу ги вознемирувало кралските поданици е што што и да кажат Меган и Хари во книгата, принцовите Чарлс и Вилијам, како престолонаследници, нема да можат да се бранат.
Упатените блиски до принцот од Велс (Чарлс) потврдиле дека тој не знаел дека неговиот син пишува книга, иако тоа го правел изминатата година.

– Принцот Чарлс не знаеше ништо за тоа. Навистина е тажно и ќе му биде тешко да го прифати тоа. Претпоставка е дека тој ќе добие уште еден удар од Хари – вели друг извор.
– Вистинското разочарување за Чарлс е што тој го познаваше Хари подобро од Вилијам и подобро се сложуваше со него. Тој се чувствува навистина предаден.
Во Клиринс Хаус тие се загрижени и за тоа што Хари би можел да го напише за неговата маќеа Камила, според изворите.
– Да не се лажеме, тие никогаш не беа блиски. Ако тој пишува за нивната кревка врска, тоа многу ќе им наштети на напорите на Чарлс да постави добра основа за луѓето да ја прифатат Камила како идна кралица –
Што се однесува до односот меѓу браќата, упатените не веруваат дека е можно повторно воспоставување блискост.

– Ова е крај на блиската врска меѓу браќата. Војводата од Кембриџ смета дека однесувањето на Хари е срамно и невкусно и нема што повеќе да се зборува. Хари оди наоколу и вели дека не се сеќава на своето детство и мајка толку добро, и сега ќе напише книга за тоа. Како тоа воопшто држи вода? Дури и неговите блиски роднини, принцезата Беатрис и Евгенија, се изненадени од она што го има на ум.
Дворјаните не се сигурни колку штета ќе направи книгата на Хари. Некои тврдат дека тоа ќе предизвика неверојатна штета затоа што, за разлика од сите други книги напишани од луѓе кои не припаѓаат на кралското семејство, оваа книга доаѓа од кралските редови, така што нема да има можност за негирање. Тие исто така се загрижени дали ќе го наречат „кралски расист“ затоа што во однос на монархијата, ова е огромна работа со големо влијание.
Исто така, дворјаните се загрижени дека книгата ќе го затемни сјајот на овие важни настани – 40-от роденден на Вилијам, платинестиот јубилеј на Кралицата и 25-годишнината од смртта на принцезата Дајана, при што наведуваат дека јубилејот на кралицата е најважен.

– Тоа е мешавина од настани и требаше да биде многу позитивно за кралското семејство. Очигледно Хари не се грижи. Тој се однесува како дете, но треба да се запомни дека има скоро 37. години, а не 21. Тој е на работ на средна возраст – вели извор на Daily Mail.
„Хари отиде во Калифорнија со јасна цел да им покаже на сите дека никогаш повеќе нема да зависат од парите на неговото семејство и тој покажа многу од тоа“, наведува изворот, имајќи ги предвид најновите деловни потфати на принцот Хари.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НУМЕРОЛОГИЈА- ПОСЛЕДНИОТ БРОЈ ОД ГОДИНАТА НА РАЃАЊЕ ОТКРИВА: Што ви е судено на 5. животни полиња!

Луѓето со елемент на земја се сигурни и трпеливи. Моќта на земјата им дава одговорност …