НАУЧНА СТУДИЈА: Седењето пред компјутер е сигурен пат во ДЕПРЕСИЈА

Долго седење пред компјутер лесно може да биде вовед во депресија.
Луѓето се сами и осамени пред компјутерот, времето го поминуваат во затворен простор, дишењето им се забавува, а очите им се окупирани со разни содржини – тврдат научници од Факултетот за наука и технологија во Мисури.
Врз основа на студијата што ја спровеле, тие заклучиле дека на овој начин се продлабочува веќе постоечката лесна депресија, бидејќи еден од симптомите на ова нарушување е одбивање на поединецот да се оддалечи од компјутерот и да се врати во секојдневниот живот.

Депресивните студенти се постојано пред компјутерот
Во истражувањето од Мисури учествувале 216. студенти, при што се следи нивната употреба на компјутери преку специјални програми, кои ги откриваат нивните компјутерски навики и страниците што ги посетуваат најчесто.
Резултатите од студијата покажале дека студентите кои имаат воспоставено симптоми на депресија, поминуваат време во континуиран виртуелен разговор, но немаат трпеливост да го прават тоа со едно или две лица.

Единствениот спас се луѓето, општеството
Тие го менуваат соговорникот на секои неколку секунди или минути и во исто време цело време ја проверуваат нивната електронска пошта, како да очекуваат важно писмо.
Проблемите со концентрацијата и вниманието се вообичаени придружници на депресијата, а тоа е она што исто така можело да се забележи кај повеќето учесници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Цаки на Скандинавците за средување на куќата што ќе ви го олеснат животот

Скандинавскиот начин на живот е копиран од многумина бидејќи се базира на едноставност и удобност. …