(Рецепт) Трик за чистење на лицето станал вирален па многу жени го испробуваат! Има ли смисла?

ДАЛИ некогаш сте се вратиле од плажа а лицето ви било очигледно почисто? Не, не си замислувате. Солената морска вода може да има голем број лековити својства.
Една корисничка на „ТикТок“ по враќањето од одмор забележала дека лицето и е значително исчистено и затоа решила да ја „донесе плажата во нејзината бања“, па направила тоник од морска сол. Нејзиното видео кое го покажува нејзиниот сјаен тен во моментов има четири милиони прегледи.

@leacrylicsand this makes so much sense. sea salt is healing. #acne #clearskin #seasalt #fyp

♬ original sound – Leenis

Дали морската сол навистина делува во борбата против акните?
Може, но мора да бидете внимателни како ја користите.
„Морската вода може да помогне во сушење на акните, но исто така ја вади целата влага и хидратација од вашето лице“, вели пластичниот хирург др. Ентони Јун.
Ова е исто така причина што вашата коса по потопувањето во морето може да делува како слама.
Морската сол има и некои антимикробни својства, што може да ја направи корисен лек за борба против бактериски акни. Една студија открила дека капењето во раствор на сол богат со магнезиум е ефикасно во намалувањето на сувоста на кожата и воспалението. Луѓето кои страдаат од егзема и псоријаза, нашле решение и во солената морска вода. Националното здружение за егземи дури и препорачува да додадете чаша сол сол во водата за капење за да ги олесните нападите.
Како да направите спреј од морска сол и како да го користите
1. Истурете лажичка морска сол и половина чаша топла вода во шише со прскалка и протресете.
2. По чистењето на лицето испрскајте од солениот раствор на лицето, а може да го испрскате и на крпа и да го ставите на лицето неколку секунди.
3. После тоа, задолжително ставете хидратантна крема на лицето за да не ја исушите премногу кожата.
4. Избегнете го овој третман ако претходно сте направиле пилинг за лице.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Не успеале сите да излезат на време: Страшен момент кога семејството искокнува од автомобил што лета преку работ!

Опуштено патување се претворило во катастрофа. Страшен инцидент се случи на автопатот Дуку во Ксинџијанг, …